Алонсо: Сè уште не сум подготвен да ја завршам кариерата во Ф1

Двократниот светски шампион, возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изрази надеж дека оваа сезона нема да му биде последна во Формула 1.
Алонсо ја започна својата 23 сезона во Формула 1 оваа година, а по многу лошиот почеток, откако Астон Мартин не обезбеди конкурентен болид, се шпекулираше дека 44-годишниот шпански возач би можел да ја заврши кариерата на крајот од сезоната.
Алонсо направи тригодишна пауза на крајот од сезоната 2018, што му овозможи на Британецот Ландо Норис да го заземе неговото место во Мекларен во 2019 година. Шпанецот се врати во Алпин во 2021 година, но не постигна забележителни резултати.
„Не знам. Тешко е да се каже. Го сакам тоа што го правам, ги сакам трките. Ја возев првата трка кога имав три години, сега имам 44. Речиси целиот мој живот. Одлуката да престанам да се тркам би била тешка и би било тешко да се прифати. Времето ќе покаже, ќе ја почувствувам (одлуката) кога ќе дојде време“, изјави Алонсо за шпанската телевизија „Ла Секста“.
„Не чувствувам дека е дојдено времето, конкурентен сум и мотивиран. Среќен сум кога возам. Се надевам дека ова не ми е последна сезона“, додаде Алонсо, кој зад себе има 32 победи во Формула 1.
Алонсо освои две титули, во 2005 и 2006 година возејќи за Рено и е највозрасниот возач во модерната ера на Формула 1.
МИА
Ново на Сител
-

Оризопроизводителите алармираат, откупната цена не ги покрива трошоците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Мицкоски: Во посета на Брисел бев приватно со семејството и немав средби со политичари
-

Реакции по говорот на Вучиќ: МПЦ-ОА е темел на македонскиот идентитет, вели Мицкоски
-

Кој стои зад лажната вест дека скопската вода има ешерикија коли?
-

Јадранот гори: Хрватска и Црна Гора се борат со катастрофални пожари
-

Шест пожари и натаму активни
