-->
-->
Алонсо: Сакам да ја освојам „Инди 500“
-->
Фернандо Алонсо, двократниот шампион во Формула 1, немаше среќа на своето деби во Индикар шампионатот. Шпанецот не успеа да ја заврши трката поради проблемите со моторот на Хонда.
Алонсо поради настапот на трката во Идндикар, ја пропушти Големата награда на Монако. Тој имаше одличен настап, стартуваше од петтото мето, во еден момент беше и лидер, но моторот му откажа на 21 круг до крајот.
„Ќе се вратам тука сигурно. Тогаш ќе знам што ме очекува, нема да бидам дебитант, полесно ќе се прилагодам. Освојувањето на Инди 500 останува моја цел. Разочаран сум што не ја завршив трката, но тоа едноставно не беше можно. Знам дека можам да бидам брз тука, како и било кој друг возач од Ф1, дојдов по искуство“, рекол Алонсо.
За разлика од Алонсо, проблем немаше негвиот тимски колега од тимот Андрети аутоспорт. Такума Сато победи во трката и стана првиот Јапонец со победа на Инди 500.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини