-->
-->
Алоизио Нунес именуван за шеф на дипломатијата на Бразил
-->

Бразилскиот сенатор Алоизио Нунес, заштитник на интересите на бизнисот и критичар на претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа е именуван за министер за надворешни работи.
Бразилскиот претседател Мишел Темер го именува Нунес, член на десноцентристичката Бразилска социјалдемократска партија, кој доаѓа на местото на Жозе Сера, кој минатата недела поднесе оставка.
Нунес на крајот на 60-тите години од минатот век, како студент беше член на левите партизански одреди кои се бореа против диктатурата, а денес е поддржувач на слободната трговија и приватната иницијатива.
Нунес како претседател на Комисијата за надворешни работи на бразилскиот Сенат ги поддржуваше блиските односи со САД, но Трамп го оцени како „најлошо од неговата партија“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
