-->
-->
Алкалоид одигра нерешено со Сибир, но остана сам на врвот на табелата
-->
Шахистите на Алкалоид одиграа нерешено 3:3 во дуелот од 6.коло со екипата на Сибир во рамките на Европскиот клупски куп. Ова беше прв нерешен резултат за македонскиот шампион по петте победи во првите пет кола. Алкалоид и натаму е лидер со 11 бодови, а следуваат: Медни Всадник, Москва, Сибир и Свети Николај Српски со по 10 бодови.
Сите шест партии на дуелот Алкалоид – Сибир завршија реми по голема борба бидејќи и двете екипи имаат шанси за освојување на првото место.
Вториот македонски тим Гамбит Асеко оствари триумф над Берлин со 5:1 и ја постигна третата победа и со 7 бодови се проби на 22 место.
Во рамките на последното коло што се игра денеска Алкалоид игра против Москва, Медни Всадник за ривал го има тимот на Сибир, а Свети Николај Српски за ривал ја има екипата на Одлар Јурду.
Гамбит Асеко игра против Луг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен насилникот кој тепаше бремена жена во живо на „ТикТок“
-
НБА: Јокиќ се врати по повредата со трипл – дабл
-
Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб
-
Кејн: Фудбалерите немаат збор за одредување на календарот, но никогаш нема да одбијат да играат за трофеи
-
Лилард надвор од терените на неодредено време
-
Бразил повторно му ја нуди селекторската позиција на Анчелоти
-
Навивачи на Ливерпул бараат Александар-Арнолд да не игра до крајот на сезоната
-
Алкалоид со победа го заврши регуларниот дел на Суперлигата