Алиу: Патот Призрен - Тетово го помага развојот на туризмот
Министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу изјави дека Приштина очекува Северна Македонија да започне со работа на изградбата на автопатот Призрен – Тетово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Оваа инвестиција, како што изјави Алиу за порталот „Економија онлајн“ (ekonomiaonline. com), е во интерес на двете земји, бидејќи, меѓу другото, ќе придонесе за развојот на зимскиот туризам.
Тој рече дека обврските што ѝ следуваат како Влада, што се однесува од сегментот Стружа на косовската страна од патот за до приклучувањето на автопатот „Ибрахим Ругова“, Приштина ги има завршено.
За патот Призрен – Тетово, откако ги имплементиравме договорите меѓу двете влади и го потпишаа тогаш двајцата премиери, почнавме со другите фази, при што беше потребно да се ратификуваат овие договори во Собранието и да се издвои буџет.
Почнавме од косовска страна, за нашиот дел од работата што се однесува на патот од јужниот излез на автопатот „Ибрахим Ругова“ кај Призрен, до во близина на тунелот, веќе ја започнавме реализацијата, тендерските постапки се завршени, договорот е потпишан и работите се започнати, истакна Алиу.
Косовскиот премиер Албин Курти заедно со министерот Алиу на 14 август го посети почетокот на работите на патот Призрен – Тетово, при што изјави дека тој пат „ги поврзува двата историски града на двете соседни земји и е од особено значење, како за граѓаните, така и за стопанството“.
Ново на Сител
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа