Алиу: МЗ останува посветено на следење на најсовремените пристапи во развојот на кардиоваскуларната медицина

Министерот за здравство Азир Алиу изутрината присуствуваше на стручен симпозиум, во организација на „Клиниката Жан Митрев“, кој претставува платформа за поврзување на меѓународните препораки со реалната клиничка практика, соопшти Министерството за здравство.
-Особена вредност на овој симпозиум е интерактивниот формат, кој овозможува размена на искуства, унапредување на клиничкото одлучување и јакнење на соработката меѓу различни специјалности, со цел подобра, побезбедна и персонализирана грижа за пациентите. Посебно беше потенциран активниот придонес на континуираната медицинска едукација и развојот на кардиоваскуларната медицина, истакна Алиу во своето обраќање.
Тој, меѓу другото потсети и на новините во предлог-законот за заштита од пушење, чија цел е токму заштита и унапредување на здравјето на пациентите, имајќи предвид дека пушењето предизвикува кардио-васкуларни заболувања, кои се во подем, како кај нас, така и во светски рамки, посочуваат од Министерството и наведуваат дека остануваат посветени на следење на најсовремените пристапи, „во континуитет ги унапредуваме условите во јавните здравствени установи и набавка на најсовремена опрема со цел развој на здравството во државата“.
МИА
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
