-->
-->
Алиоски во радарот на Барселона
-->
Каталонскиот гигант Барселона, во летниот преоден рок покажала интерес за услугите на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски, тврди претседателот на Лугано, клуб чиј дрес го носи 24-годишниот фудбалер, Анџело Ренцето, во интервју за „tio.ch“.
„Барселона ова лето се интересираше за Алиоски, сакаа одреден период тој да биде во нивниот тренинг камп. За него се интересираат многу клубови, ќе видеме како ќе се развива целата приказна. Тој се развива неверојатно брзо, никој тоа овде не го очекуваше. Можам да кажам дека тој сигурно нема да замине од Лугано за сума од 600 или 700.000 франци, туку за многу поголема сума“, рекол Ренцето.
Алиоски, одлично ја започна новата сезона, во првите шест натпревари во швајцарскиот шампионат постигна четири гола, а беше стрелец и за Македонија, во поразот од Албанија на стартот од квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Инспекторите во Струмица вчера казнија три лица за согорување отпад од електрични кабли
-
Пожар избувна во хотел во Лондон, евакуирани 100 луѓе
-
Зеленски: Дојде време да се формираат „европски вооружени сили“
-
На граничниот премин „Блаце“ уапсен Косовец - го барале од Интерпол
-
51-годишен маж тешко повреден откако со возило излетал надвор од пат
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија