Алими бара од медиумите да ја почитуваат двојазичноста, тој не бил виновен што зборува на албански
Ејуп Алими не гледа ништо спорно што на вчерашната прес конференција не го користеше македонскиот јазик. Координаторот на пратеничката група на ДУИ во изјава за Сител вели дека го користи албанскиот како официјане јазик во државата, а институциите, но и самите медиумски редакции треба да си обезбедат преведувачи.
Од Владата пак велат дека немааат намера да коментираат прес конференции на јавни функционери, ниту пак начинот на кој тие ги пренесуваат информациите во јавноста.
Владата не би можела да укажува на дадени политички субјекти или на кои било организации на граѓани на кој начин тие чувствуваат потреба да ги пренесат нивните информации за кои сметаат дека јавноста треба да знае. Она што можеме да кажеме е дека како Владата секогаш сме обезбедувале преведувач и функционираме по принципот што го промовираме на едно општество за кое имплементацијата на Законот за јазиците само ќе биде комплементарна додадена вредност во интерес на сите граѓани во Македонија“, рече Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање
Законот за употреба на јазиците кој почна да се применува пред 10 тина дена ја проширува употреба на албанскиот јазик, но сепак ставот 3 од Законот предвидува дека македонскиот и натаму останува прв официјален јазик во државата, а покрај македонскиот функционерите имаат право на избор дали во комуникација со јавноста ќе го користат и албанскиот како втор службен јазик во државата.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар