Алијансата на Албанците го поддржува штрајкот на просветните работници

Алијансата на Албанците го поддржува најавениот штрајк на просветните работници и бара одговорност за состојбите во образованието од Демократската унија за интеграција (ДУИ), информира денеска на прес-конференција пратеничката од оваа партија Арта Точи.
– Знаеме каква е позицијата на наставниците секоја училишна година со нови штрајкови – единствениот механизам со кој наставниците можат да се служат, истакна Точи.
Како што оцени, одговорноста за позицијата на наставниците е на ДУИ како политичка партија која раководи со Министерството за образование од 2002 година.
– Од таа година единствените измени се направени во именувањата на министрите но нема измени во позицијата на наставниците во земјата.Наставниците имаат најниски плати во регионот. Само за пример Албанија со 477 евра за наставник и Косово со 459 евра и Македонија останува со просечна плата од 365 за наставник. Му сугерираме на министерот наместо покачување на платите од 1.000 денари за наставник да ги хармонизира платите со земјите од регионот, рече Точи.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
