Алијанса за Албанците: Функционерите на ДУИ со години се богатат на штета на граѓаните

Црните работи на ДУИ штотуку почнуваат да се појавуваат! Сиве овие 14 години бевме сведоци на злобните работи што ги направи оваа партија и конечно е време сето тоа што ние како граѓани го знаевме, да земе и правен пат.
Монтираните случаите кон Албанците секогаш биле присутни за време на владеењето на ДУИ, било во коалиција со ВМРО или СДСМ. Доволно е да се направи хронологија на настани за да се разбере колку се интересџии овие корумпирани лица.
Почнуваме од 2003 година, кога ДУИ беше во коалиција со СДСМ. Беа потребни 16 години за случајот Сопот да се обелодени, а на крајот да се дознае вистината што народот ја знаеше од првиот ден.
Продолжуваме со случаите монтирани против Албанците во 2008 година, со случајот Алфа. Во овој случај, тројца Албанци беа осудени на доживотен затвор, и една со шест години затвор.
Продолжуваме понатаму во 2010 година кога беше убиен и Харун Алиу. И само после две години повторно продолжи навиката за монтирање случаи против Албанците, овој пат со случајот „Монструм“, за кој беа обвинети шестмина Албанци без докази!
И најлошото е сега, по 7 години од прислушаните разговори сфаќаме дека ДУИ отсекогаш била свесна за овој случај, и не само тоа.
Што е тоа што ДУИ знае за сите горенаведени случаи и продолжува да го крие, чија одговорност се обидуваат да избегнат ?!
Беа ДУИ и СДСМ, тие што дозволија преквалификација на случајот на Алмир Алиу. Зошто оваа влада сака да го оцрни името на Фетах Алим, само затоа што спаси некој што вие не сакате?!
Вклучувањето на ДУИ не само што е индиректно, туку е и директно вклучено во нелегални активности. За многу краток временски период, Антикорупциската комисија поднесе барање за гонење на двајцата градоначалници на ДУИ, Рамиз Мерко од Струга и Блерим Беџети од општина Сарај.
И за двајцата имаат силни факти кои Антикорупциската комисија успеа да ги открие и затоа се отворени дополнителни истраги.
Алијанса за Албанците ги повикува надлежните органи сериозно да ги сфатат работите, без пристрасност и без создавање селективна правда. Но, ние го прашуваме ДУИ кој политички обвинител што сами го поставиле во обвинителство овој пат ќе ги спаси ?
Алијанса за Албанците, повикувајќи се на Кодексот на Однесување на Царинските Службеници, бара оставка од заменик-директорот на царината, г. Ирфан Бучи заради моралната одговорност што треба да ја сноси! Тој не само што го прекрши законот, туку и овозможи групно прекршување од страна на цариниците, на кои им е апсолутно забрането јавно да го изразуваат своето политичко убедување.
Никој нема право да се збогати на штета на граѓаните и даноците што ги плаќаат со чисти работи. Тоа го прават функционерите на ДУИ со години без грам срам.
Ново на Сител
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
-

Мерцедес излетал од автопатот „Пријателство“ и влетал во двор на куќа, двајца тешко повредени
-

Народниот правобранител ќе дежура за пријави за повреда на избирачкото право на денот на изборите во Брвеница
