-->
-->
Алиев: Азербејџан нема цел да стане членка на ЕУ
-->
Азербејџан нема цел да стане членка на Европската унија, изјави денеска претседателот на Азербејџан Илхам Алиев на форумот во Карабах, насловен „Враќање дома по 30 години. Достигнувања и тешкотии“, пренесуваат руските медиуми.
-Во својот надворешнополитички план, Азербејџан нема наведена цел да стане членка на Европската унија, рече Алиев, додавајќи дека ова е многу практична позиција бидејќи, како што тврди, Баку „таму никогаш нема да биде прифатен“.
„Доколку Азербејџан таму не е прифатен, тогаш – зошто да тропаме на таа врата и да му пречиме на сопственикот?“, кажа претседателот Алиев, објаснувајќи дека Баку и Брисел нашле начин да воспостават соработка и да ги подобрат односите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
6 лица примени во болница по вчерашните пожари
-
ВМРО-ДПМНЕ: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и идентитетот
-
Димитриевски: Сакаме во ЕУ но како Македонци
-
Јавниот линиски општински превоз се поатрактивен за штипјани
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице