Ален Исламовиќ: Заспав зад воланот со 180 км/ч еве што ме спаси да не загинам

Пејачот Ален Исламовиќ верува во судбина и тврди дека некој од горе го следи во се што работи. Се уверил во тоа кога му помогнал на едно девојче во Бихаќ, а потоа за малку ќе доживеал судар.
-И дадов пари и неколку часа потоа тргнав за Загреб. На автопатот за момент сум заспал. Возев со 180 км на час и некој звук ме разбуди. Пет часа пред тоа направив добро дело, со полно срце и ми се врати со тоа што не настрадав, вели поранешниот пејач на Бијело дугме и Дивље јагоде.
Ален со години не носи ланчиња, алки и часовник, дури го извадил и венчалниот прстен. Смета дека секое пресекување на нервите и крвотокот може да донесе до болест болести кои траат со години. Вели дека и телото почнало да го предупредува за исхраната, па така внимава што јаде. Се храни со главно готвена храна и бира здрави продукти.
Сопругата Маријана (51) и ќерките Лара (19) и Уна (27) се пријатно изненадени од промената зошто Ален до неодамна бил голем љубител на месо. Сопругата чувствува дека тој сега е полн со енергија.
-Еднаш ставив рака на својот желудник зошто имав болки и за 15 минути ме помина. Само од допирот на мојата рака, вели Ален Исламовиќ.
Ново на Сител
-

Судење „Штекли“: Презентирани форензички вештачења и ДНК анализи, обвинителството тврди дека групата била строго хиерархиска
-

15-годишник нападнат од женско лице во Кисела Вода
-

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите
-

Пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР
-

Возач без возачка дозвола лишен од слобода, полицијата го одзела „аудиото“
-

Во полициска акција што беше извршена синоќа во кругот на поранешната фабрика ОХИС одземена е голема количина на марихуана
-

Променливо време во наредните денови
-

Муцунски од Дубаи: Отворени се нови можности за соработка, бенефитот ќе го почувствуваат граѓаните
