Loading Video...
Свет
28. January 2018 - 19:53

Алексеј Навални уапсен на масовниот антивладин протест во Москва

Руската полиција го уапси опозицискиот лидер Алексеј Навални денеска за време на неодобрениот антивладин протест во Москва,што тој го организираше.Стотици поддржувачи на Навални го започнаа националниот ден на протест против властите во повеќе градови.,повикувајќи ги гласачите да ги бојкотираат  според нив ,, лажираните,, претседателски избори на 18-ти март. Руската полиција изврши рации во 4 канцеларии на Навални.Во една од рациите затворено е и неговото телевизиско  студио, со цел да ce прекине емитувањето во живо на серијата протести.Полицијата уапси шест поддржувачи на Навални во студиото во Москва и десетици демонстранти во другите делови на Русија.

Ден на жалост во Авганистан по крвавиот напад

Авганистанската влада за денес  прогласи  ден на жалост, откако во експлозија на амбулантно возило вчера во Кабул загинаа повеќе од сто луѓе.  Знамињата на државните институции и дипломатските претставништва низ земјата се спуштени на половина копје, додека во тек е погребот на загинатите.Бројот  на загинати се искачи на 103 лица, а повредени се 235 меѓу кои 30 полицајци. Талибанците  ја презедоа одговорноста за нападот , кој е еден од најкрвавите во последниве години во градот.

Пуџдемон ќе мора да се врати во Шпанија ако сака да биде реизбран за премиер на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија донесе одлука според која разрешениот каталонски регионален лидер Карлес Пуџдемон ќе може  да формира нова влада но само ако се врати во земјата и лично дојде во каталонскиот парламент. Пуџдемон не може да биде избран за премиер додека е во Белгија, туку мора физички да биде присутен во Парламентот во Барселона. Ако се врати во Шпанија, тој веројатно ќе биде уапсен. Во исто време, неговиот белгиски адвокат се посомнева во објективноста на судот.Уставниот суд пресуди дека седницата на каталонскиот парламент закажана за 30 јануари ќе биде суспендирана, ако Пучдемон, единствениот кандидат за функцијата премиер, не се појави лично.Судот одлучи и  дека Пучдемон има потреба од судска дозвола, за да присуствува на седницата.