Александар Волков од РПЦ: Желбата на МПЦ да добие црква мајка во БПЦ е сложена и важна тема

Желбата на Македонската православна црква да добие црква мајка во Бугарската православна црква е многу комплексна и многу важна тема за која сега многу се радуваме дека има можност да се решава од двете страни. Тоа го изјави свештеник Александар Волков, началник на прес службата на Московскиот и на цела Русија патријарх Кирил.
Изјавата беше одговор на прашање каков е односот на Руската православна црква за желбата на МПЦ, БПЦ биде нејзина мајка црква, јави БТА.
- Ние не можеме да предвидиме какви ќе бидат решенијата, но во секој случај Руската црква со внимание и со длабок интерес го набљудува процесот на преговори, изјави Волков.
Тој го даде одговорот за МПЦ откако им соопшти на новинари дека нема да се одржи предвидената прес конференција на митрополитот Иларион од РПЦ и на митрополитот Кипријан од БПЦ. Тоа беше дел од програмата на рускиот патријарх во првиот ден од тридневната посета на Бугарија.
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
