Балкан
8. March 2017 - 18:16

Александар тврди дека за 2 часа работа дневно, може да се заработат 400 евра - Еве како е можно тоа!

Александар Докниќ (42) од Бајмок, пред 15 години започнал бизнис со зајаци, тогаш релативно нов и неизвесен бизнис. Во меѓувреме, овој семеен бизнис станал еден од најпознатите и најголеми одгледувачници.
 
- Кај мене се започна како хоби. Прво бев судија на изложби на предмети од рачна изработка, потоа работев во Ветеринарен институт во Земун кој произведуваше серум вакцини против свинска треска, - вели Александар.
 
- Со неа ја снабдувавме цела Европа и регионот, но поради искоренување на болеста, престана - објаснува овој домаќин во чија одгледувачница исто така се произведува и продава расплоден материјал за оние кои се заинтересирани за разој на сопствен бизнис.
 
Како што вели, пред четири години станал свесен дека бизнисот ќе почне да се развива во насока на продажба на месо од зајак, кое е едно од најздравите кои може да се најдат.
 
На семејната фарма има меѓи 1200 и 1500 зајаци. 
 
Докниќ на месечно ниво на колење праќа по 1000 парчиња, кои потоа моѓже да се надат во поголемите трговски во земјата.
 
- Во прашање е бизнис со голем потенцијал. За него треба да се уложат околу 4500 - 5000 евра, а за два до три часа секојдневна ефективна работа, може да се заработи меѓу 300 - 400 евра, - заклучил тој.