Александар Тарабунов е луд по Едина Муса
Во друштво на најблиските соработници и пријатели, Александар Тарабунов го промовираше видеото за темата “Луд сум по тебе” која е комплетно авторско дело на Роберт Билбилов.
– Кога работата е во прашање јас сум голем перфекционист. Долго време разговаравме со Роберт и се мислевме која песна да ја екранизираме со видео. Изборот падна на “Луд сум по тебе” затоа што е брза и динамична и баш одговара за овој период од годината. Јас лично посебно сум врзан со оваа тема и ми е една од поомилените, а знам и дека публиката го дели истото мислење со мене, рече Тарабунов на промоцијата.
Видеото, пак, е дело на Зоран Стојановски – Зонде, а главната улога во кадрите ја има кошаркарката Едина Муса која одлично се снајде во улогата на секси заводничка од 50-те години.
– Идејата за спотот беше на Тара, дојде кај мене со неа, а јас само ја доработив. Можам да кажам дека тој е голем уметник и чест ми е што соработуваме заедно, потенцираше режисерот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата
-
Исчезнале тројца Непалци кои работеле во охридски хотел
-
Фирмата која готви за АРМ: Храната и кујната се 100% исправни
-
Велешанец фатен како продава марихуана на малолетник
-
Паднал од мотор во обид да избегне судир со „пежо“
-
Настрада пешак по судар на автомобил и автобус во Скопје
-
До сабота топло, од недела пад на температурата
-
Таравари: „Ситни проблеми“ во коалицијата