Александар Стеванов добитник на наградата за развој и афирмација на стрип-сцената
Александар Стеванов од Штип е годинашен добитник на наградата „Љупчо Филипов“ која Стрип центарот на Македонија-Велес (СЦМ) ја доделува за развој и афирмација на македонската стрип-сцена. Признанието ќе му биде врачено на Меѓународниот стрип салон во октомври во Велес.
- Стрип центарот на Македонија (СЦМ) од Велес како организатор на целокупната манифестација, ова признание го наменува за заслужни домашни дејци за развојот и афирмацијата на деветтата уметност кај нас, соопшти СЦМ.
Стеванов е предавач и промотор на стрип-настани во Македонија, пред се на петдневната стрип-работилница организирана во Американскаото катче во Штип. Во 2015 година тој е прогласен за најдобар млад сценарист на Балканот на Балканската смотра во Лесковац, Србија.
- Се залага во областа на медиумите, го уредува поглавјето за стрип во интернет-списанието „Македонска ризница“, објавува интервјуа во домашни и странски списанија, ги изработува стриповските фонтови Ботин, Кокан, Горски топуз, со што многу ја олесна работата на македонските стрип-автори. Во последно време Стеванов успешно се занимава со дизајнирање стрип-списанија и книги, новински текстови, како и хронологија и историјат на македонската стрип-сцена, информира СЦМ.
Признанието на Стеванов ќе му биде врачено за време на 15. Интернационален стрип салон во Велес, кој ќе се одржува од 13-ти до 15 октомври во Велес.
Досегашни добитници на признанието „Љупчо Филипов“ се: Миле Топуз, Диме Иванов Димано, Александар Сотировски, Ване Трајков, поранешната групација „Тајфа арт“, Томислав Османли, Дарко Марковиќ, Иванка Апостолова, Киро Донев, редакцијата „Детска радост“, Оливер Ромевски, Стрип книжарницата „Бункер“, Галерија и списание „Остен“ и Томе Трајков.
Ново на Сител
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати
-
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
-
Власта и опозицијата повторно се судрија за пензиите, кој доби, а кој загуби со линеарното покачување
-
Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
-
Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината