Александар Николоски во работна посета на Брисел
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на 17-ти и 18-ти декември ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамките на посетата Николоски ќе оствари средби со високи претставници на Европската Комисија, Европската Народна Партија, Центристичко Демократската Интернационала, Европскиот Парламент итн.
Се очекува на средбите да се разговара за актуелните политички случувања во Македонија и регионот. Николоски ќе информира за состојбата во Македонија, заостанувањето во реализацијата на реформите, политичките притисоци и злоупотребата на правниот систем со цел политички прогон, партизацијата на јавната администрација, економското назадување и се поголемо задолжување на државата, како и сите потфрлања на Владата на СДСМ во сите области значајни за животот на граѓаните.
Николоски ќе разговара со партнерите од Брисел и за активностите на ВМРО-ДПМНЕ како и политичкиот притисок и прогон под кој се бројни членови на опозицијата и обидот за задушување на слободата на изразување и критика кон власта на СДСМ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Карневалска ноќ во Струмица
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии
-
Музичката академија доби концертен клавир од бизнисменот Кочо Анѓушев
-
По кавгата во овалната соба, Трамп и Зеленски си испратија пораки
-
Анализа: Зеленски ќе се врати во Вашингтон, Македонија заседе добра позиција
-
ОЈО: Итно постапување за тешки прекршоци и кривични дела во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали се отвара пат Андов да избега?
-
9 години се бара правда за убиството на Димитар