Александар Николоски: СДСМ отиде со БЕСА за да не се види волјата на Македонците
Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, синоќа во емисијата „10 Минути“ на ТВ21, коментирајќи ја предизборната коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА, рече дека тој потег е осмислен за да не се види волјата за кого ќе дадат глас повеќе етничките Македонци.
Тој изјави дека коалицијата на СДСМ со Беса е за „манипулација на гласачите“ затоа што нема да може да се види „волјата на двете најголеми заедници во државава“ и додаде дека ова е очајнички потег на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за да се спаси.
Николоски на прашањето со кого ВМРО-ДПМНЕ би коалицирал дококу победи на изборите - со ДУИ или со Алијансата на Албанците, тој даде дипломатски одговор дека ќе се коалицира со оној кој повеќе ќе прифати од програмата на најголемата опозициска партија.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега