Александар Георгиевски ја презема функцијата градоначалник на Илинден
Во Општина Илинден денеска официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник, меѓу новоизбраниот градоначалник Александар Георгиевски и досегашниот Жика Стојановски.
Александар Георгиевски како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 октомври 2021 година ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води Општина Илинден во наредните четири години.
![]()
– Веднаш по примопредавањето на функцијата градоначалникот Георгиевски одржа состанок со општинската администрација при што истакна дека очекува успешна соработка, додавајќи дека неговата врата во секој момент ќе биде отворена за сите вработени. Тој истакна дека очекува комуникација, консултација и експедитивност во натамошното работење, информираат од прес-службата на Општина Илинден.
Ново на Сител
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
