-->
-->
Александар 5 дена глумел дека е бездомник, а потоа почнал на луѓето да им дели пари и неверојатни подароци
-->
Реалното шоу „Таен милионер“ која е емитувана пред шест месеци го нагости рускиот олигарх Александар Рослијаков. Тој мораше пет дена глуми дека е учител кој нема куќа, иако секоја зима ја поминува на Бали.
Александар во џепот имал само 1.000 рубљи (околу 15 евра), па за него учеството во оваа емисија беше прав тест, пишува „Informing.ru“.
Една ноќ рускиот олигарх ја помина во сиропиталиштето за бездомници „Everybody’s Road“, чии основачи се Денис и Елена Цои. После престојот таму, Александар решил на овој пар да му поклони луксузна вила вредна 111.000 евра. Парот и од оваа луксузна куќа која ја добија на поклон, направи место за бездомници каде веќе сега живеат 27 лица.
Милионерот својот втор подарок му го даде на писателот Арсениј Јанковски, кој го запознал во сиропиталиштето. Александар му поклонил стан и договор си издавач кој ќе ја објави неговата книга. Арсениј сега ја пишува книгата „Втора шанса“, која ќе го опише неговиот живот, вклучително и средбата со Александар.
Уште еден стан рускиот олигарг и поклонил на Светлана Степанов и нејзините деца. Светлата пред да го запознае Александар лутала по изнајмени станови со четирите деца и единствени работи кои ги имале биле кревет и куфер со спомени.
Покрај четирисобниот стан, Александар на Светлана и поклонил и еден милион рубљи (околу 15.000 евра). После овој великодушен поклон, Светлана планира да посвои уште деца.
Уште 15.000 евра рускиот милионер им подарил на Андреј и Наталија, младо семејство чие дете боледува од хидроцефалус. Лекарите на овие млади родители и понатаму им говорат да го остават детето, но тие не се откажуваат. Парите кои ги добиле ќе ги дадат за лекување на детето.
Олигархот во текот на пет дена учество во оваа емисија, за храна мораше да работи во сиропиталиштето за кучиња „Валента“. Александар и таму оставил поклон од 15.000 евра.
Рослијаков на луѓето кои ги сретнал во текот на пет дена учество во емисијата им оставил великодушни подароци, а многу негови пријатели поради оваа му го свртеле грбот. Веројатно се чувствувале навредени што не го добиле местото
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишна жена нападната од својот сосед
-
Кибер експерти на украинското МО ги хакирале серверите на руската Дума и Уставниот суд
-
Сити ги осуди расистичките навреди упатени кон Кајл Вокер
-
Намалена видливост поради магла кај патот Маврово - Маврови Анови и планинските превои Ѓавато и Плетвар
-
Трамп сака крај на војната во Украина и во Појасот Газа
-
Без струја утре дел од општините Центар и Карпош, без вода дел од Центар и Гази Баба
-
Полицијата влезе во Судски совет по наредба на ОЈО
-
Јермак: Украина се уште не е подготвена за преговори со Русија за завршување на војната