Александар (18) пет часа лежел мртов пред продавница, се скарале лекарот и судијата
Александар Д. (18) од селото Јазак на Фрушка Гора починал пред продавницата во центарот на селото, а неговото тело лежело таму пет часа. Лекарот побарал обдукција, додека судијата сметал дека не е потребно.
Дежурниот лекар кој констатирал смрт, не секал да потпише додека не се направи обдукција, пишуваат Новости.
Судијата се повикал на тоа дека нема траги на насилство и затоа одбил да се направи обдукција. Дури кога дошле од Погребното претпријатие од Ириг на кои општината Ириг им гарантирала дека ќе ги сноси трошоците за обдукција на момчето, телото е тргнато од очите на случајните минувачи. Од таму е пренесен на обдукција во Институтот за судска медицина во Нови Сад.
Александар го затекнале мештаните кои во раните утрински часови тргнале кон продавницата, а телото му го покриле со бел чаршав.

-Тој со другарите бил во Рума и кога се враќале во возилото се пожалил дека му е лошо, велат мештаните.
-Таксистот кој ги возел, застанал во центарот на селото и сите излегле надвор, да видат дали ќе му биде подобро. Меѓутоа Александар почнал да се гуши, па повикале Брза помош. За жал, по обидот за реанимација, лекарот констатирал смрт.
Смртта настапила, констатирано е, по природен пат.

-Ние се одѕвавме на повикот на МВР и веднаш дојдовме таму. Затекнавме непријатна ситуација, насобрантите беа во шок. Кога ни објаснија во што е проблемот, го повикавме Инситутот за судска медиција, зошто долго време соработуваме со нив. Ветивме дека веднаш во понеделник наутро Општината ќе испрати гарантно писно дека таа ќе ги сноси трошоците за обдукција, вели Фрањо Мулај од погребното претпријатие.
Фрањо нагласи дека во текот на 60 години работи, колку што постои ова претпријатие, никогаш немале ваква замрсена ситуација.
Сепак обдукцијата е направена и телото е предадено на семејството за погреб,
Ново на Сител
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач
-
Штипјанец под присила подигал брзи кредити, го продал својот мобилен телефон и крадел пари од својот татко
-
Министерството за здравство обезбеди 300 паркинг места во Лимак за вработените во Клинички
-
Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна
-
Гутереш: Американските напади врз три ирански нуклеарни објекти се опасна ескалација
-
Лице барано за извршување затворска казна правело хаос во хотел во Лазарополе
-
Приведен возач од Македонска Каменица, возел со 1,87 промили алкохол во крвта