-->
-->
Алегри прогласен за најдобар тренер во ноември во Серија А
-->
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри е прогласен за најдобар тренер во Серија А во ноември, објави прес-службата на лигата.
Во три ноемвриски натпревари од италијанскиот фудбалски шампионат, Јувентус забележа две победи и одигра нерешено со Интер (1:1).
Жирито составено од уредници на спортски медиуми го оценуваше секој тренер врз основа на технички и спортски критериуми за перформансите на тимовите, како и ферплејот.
По 14 кола во Серија А, Јувентус е на второто место во Италијанското првенство со 33 бода. Лидер е Интер со 35 бода.
Алегри и покрај добрите игри на Јувентус, најави заминување од тимот на крајот на сезоната поради голем притисок од навивачите и како што има изјавено постојаните критики упатени на негова адреса.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Семејните лекари во Македонија се уште со ограничени ингеренции
-

Помала државна партиципација за реновирани студентски домови, нови квоти за стипендии
-

Како да се надмине родовиот јаз помеѓу мажите и жените?
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на одбележување на 150 години од Разловечкото востание
-

Како да се надмине јазот помеѓу мажите и жените на работните места
-

Струмица ја проширува гасоводната мрежа
-

„Клепало“ по две децении конечно пред отворање
