Албин Курти предлага референдум за обединување на Косово и Албанија
Поранешниот лидер и актуелен пратеник на косовското движење Самопределување Албин Курти, смета дека косовските граѓани треба на референдум да се изјаснат за обединување со Албанија, од која, според него, Косово било „одвоено на недемократски пат од страна на големите сили“.
- Сакаме да имаме право да се обединиме со Албанија на демократски и мирен начин, значи не би започнале треба балканска војна, нагласи Курти.
Коментарајќи ја идејата за поделба на Косово или за размена на територии со Србија - северниот дел на Косово за Прешевската Долина, Курти изјави дека тоа е желба на Белград.
- Јас се противам на откажување од северниот дел на Косово, меѓу останатото и поради Трепча, односно економскиот развој, чија суштина е ревитализација на Трепча, истакна Курти.
Тој повторно потенцираше дека се противи и на дијалогот меѓѕ Белград и Приштина во Брисел, бидејќи според него тој не се базира на принципи.
- Помирувањето е можно дури кога Србија ќе го признае Косово и ќе ги признае воените злосторства, наведе Курти.
Ново на Сител
-
Променливо време со дожд и во наредните денови
-
Претрес во Кочани, пронајден пиштол, приведен насилник
-
Македонија се задолжува 50 милиони евра
-
Џафери: Арсовска да ја искоси тревата во дворот на Владата
-
Џафери за бојкотот на претседателските избори: Груби не е влада, ниту партија
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци