Албанското тло и натаму се тресе - нова серија на земјотреси
Од 4 јули кога беше регистриран првиот потрес во близина на Драч, албанското тло постојано се тресе.
Последните три земјотреси се регистрирани утрово во интервал од 01:09 до 04:51 часот со епицентри во градовите Пеќин, Ѓирокастро и Вора кај Тирана. Земјотресите биле со интензитет до 2,2 степени според Рихтеровата скала.
- Од првиот земјотрес кој беше со интензитет од 5,2 степени според Рихтер, со епицентар кај Драч, до денеска, се регистрирани 830 потреси со различен интензитет. Сите се со послаб интензитет од првиот, и се од 2,2 до 4,7 степени. Тлото пополека се смирува и сметам дека нема место за паника, изјави сеизмологот Едмонд Души.
Сепак, според него, земјотресите се непредвидливи и не може со сигурност да се каже дали ќе има уште змјотресе или или не, особено ако се знае дека Албанија е во тектонски активно подрачје.
Земјотресите предизвикаа само помала материјална штета и вознемиреност кај граѓаните.
Дел од потресите кои беа со појак интензитет беа почувствувани и во западниот дел на Македонија, посебно во подрачјето на Дебар.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта