Албанските криминалци се мајтапат со британското правосудство, објавија фотографии како се смеат од затвор

Британски „Сан“ објави напис посветен на албанските криминалци уапсени во Велика Британија, кои се дел од озогласената банда „Hellbanianz“ што е комбинација од англиските зборови за пекол и Албанци.
Во написот како што пренесува тиранската телевизија Топ чанел, албанските криминалци се потсмеваат на британското правосудство, објавувајќи фотографии на Инстаграм од затвор, смеејќи се.
Според истиот извор се верува дека албанските криминални мрежи се многу активни и оти насилните кражби се зголемиле во југоисточниот дел од земјата.

Информација и фотографии од „радосните затвореници“ пренесува и „Дејли телеграф“.
Дејли Телеграф наведува дека фотографи има на приватниот Инстаграм-профил на Фабион Кучи и Азем Дајчи, кои моментслно се во затворот во Вормвуд Скрабс (Scrubs Wormwood), осудени за разбојништва во кои биле фатени со пиштоли и пушки. Весникот наведува дека тие се дел од загрижувачкиот нов тренд во кој албанските банди во насилни провалувања крадат пари и накит. Накитот го шверцуваат во Албанија, за продажба на црниот пазар, а парите ги вложуваат најчесто во градежништво, пренесува телевизијата.
Друг Албанец со име Агрон Демарку е фотографиран како седи на рамениците на друг затвореник. Демарку ја водел фамилијарната банда која добила вкупно 63 години затвор после пресудата за водење на синџир од бордели со бело робје, вклучувајќи и тинејџери.

На социјалните мрежи тие исто така се фалат со луксузниот животен стил, со скапоцени автомобили, часовници и пари. Полицијата во Лондон, Кент и Суреј издала повеќе потерници за криминалци кои стојат зад некои од насилните грабежи.
Британското Министерство за правда потврдило дека им се одземени мобилните телефони и блокирани адресите на социјалните мрежи.
Албанските банди шверцувале големи пратки кокаин директно од Европа, менувајќи го лицето на нарко пазарот во Велика Британија.

„Сан“ наведува дека илјадници Албанци пристигнале во Велика Британија кон крајот на 90-тите години од минатиот век и почетокот на 2000-та годна за време на бегалската криза, при што поголемиот процент од нив биле Косовци
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
