Албанските извозници обвинија дека парите од криминалот ја намалиле вредноста на еврото
Албанските извозници побараа од претставниците на меѓународните финансиски институции интервенција и помош на монетарната и фискалната политика што ќе ги ублажи шоковите на девизниот курс во земјата, јави агенцијата Балканвеб.
Според нив, како што оценуваат во дописот, врз падот на вредноста на европската валута влијаат парите од криминалот а тврдењата дека јакнењето на лекот се должи на јакнењето на економијата.
„Вашата помош во првите чекори на албанската транзиција за нас е од огромно значење. Ние многу го цениме фактот што вашите институции ги сметаат деловните здруженија како корисни партнери во спроведувањето на структурните и секторските реформи. Веруваме дека вашата институција ќе ни ја понуди потребната експертиза, која се заснова на фактот дека имате долгогодишно искуство и од речиси сите земји-членки“, се наведува во дописот.
Се додава дека Заедница на извозници денес претставува над 5.000 извознички компании, со повеќе 200.000 вработени и има придонес од речиси 23 отсто во БДП.
– Благодарение на нивниот раст и консолидација, извозниците се еден од главните столбови за зголемување на конкурентноста и подобрување на трговскиот биланс и салдото на тековната сметка, посочуваат извозниците
Заради запознавање допис е доставен и до гувернерот на Централна банка на Албанија, Гент Сајко и министерката за финансии и економија, Делина Ибрахимај.
Европска валута, еврото, годинава го допре историскиот минимум во размена со албанската валута, лекот, кој моментно се менува за 103 лека наспроти 124 на почетокот на годината.
Реакцијата на извозниците е прва од економскиот сектор во која се обвинува дека тоа е поради внес на средства во земјата обезбедени од криминални активности.
Надлежните тврдат дека тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи.
Ново на Сител
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари