Албанскиот Парламент едногласно ги усвои реформите во правосудството

Албанскот парламент ноќеска околу еден час по полноќ со апсолутен консензус ги усвои реформите во правосудство, што беше клучен услов за приближување на земјата до ЕУ, јави дописникот на МИА.
На пленарната седница учествава сите 140 пратеници, кои едногласно ги подржаа реформите.
Продолжението на седницата и гласањето на реформите, од ложата на собраниската сала ги следеа американскиот амбасадор Доналд Лу, евроамбасадорката Романа Влахутин, како и лидерот на опозициските демократи Љуљзим Баша.
На попладневното продолжение на седницата прв се обрати претседателот на посебната Комисија за реформи во правосудството, Фатмир Џафај, кој денот го оцени како „посебен во парлментарната историја на земјата што го заслужуваат граѓаните“.
Според него, оваа реформа е една од најдобрите процеси, кој ја враќа довербата кај граѓаните и треба да овозможат еднаквост пред законот.
Тој, за придонесот во подготовката и постигнуањето консензус по ова значајно прашање посебна благодарност упати до американскиот амбасадорот Лу, евроамбасадорката Влахутин и до помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд.
На говорницата зборуваа повеќе пратеници, кои меѓу другото оценија дека со реформите им се дава на Албанците „правда без корупција“ и оти консензусот и изгласувањето се „патриотски чин“.
Последен пред гласањето на пратениците им се обрати премирот Еди Рама, кој за разлика од вообичаено, зборуваше кусо, повикувајќи ги пратениците да гласаат за реформите и заблагодарувајќи им се на дипломатите за сестраната помош.
Сепак не заборави да упати остри обвинувања до опозицијата и во неговиот познат стил на говор рече дека било „толку неможно да се извади белиот чад од овие реформи, бидејќи ќе извадат црн чад на правдата“.
Дел од албанските медиуми информирајќи за изгласувањето на реформите наведуваат дека конечно заврши „теленовелата Реформи во правосудството“, поради фактот што нивната подготовка почна пред осумнаесет месеци и поради сите случувања што следеа до нивното усвојување.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: До април 40 нови камиони за „Комунална хигиена“, до првата половина на годината нови автобуси
-

Уапсен полициски службеник за сторено кривично дело „изнуда“, барал 20.000 евра од оштетеното лице
-

Зеленски ќе разговара со Трамп за територијалните прашања
-

Комисијата за стручен надзор за случајот со починатото новороденче на ГАК констатираше дека реанимациската постапка е спроведена по протокол
-

Костадиновски: Бадентерот е корисен и здрав механизам, но само во политички орган, секаде на друго место создава аномалии
-

Собранието усвои неколку закони
-

Алиу: Големи предизвици во 2025 година во здравствениот систем, во тек се повеќе проекти, а ќе се спроведат и нови во 2026 година
-

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
