Албански државјанин претепан во Тетово од свој сонародник
Вчера во 09.30 часот во СВР Тетово, од Медицински центар Тетово било пријавено дека кај нив е донесен Д.Ц. (31) од Р.Албанија со повреди во пределот на главата и додека бил во контактибилна состојба кажал дека бил удрен од страна на Е.М. од Р.Албанија.
Поради сериозноста на повредите, истиот како итен случај е пренесен во Ургентен центар Скопје.
Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот во с.Порој, тетовско, каде во помошна просторија на плацот сопственост на А. К. биле пронајдени доказни материјали кои ќе бидат доставени за вештачење.
На местото на настанот затекнати биле лицата В.Н. (39) и А.К.(42), двајцата од с.Порој, кои го забележале повредениот и го пренеле во Медицински центар Тетово.
Со нив бил извршен разговор во СВР Тетово, а за тоа време А.К. добил СМС порака од Н.Н. од Р.Албанија (брат на повредниот), кој како можен сторител го посочил Е.М. од Р.Албанија, за кого е распишан централен распис.
СВР Тетово презема мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени