Албански државјанин доби кривична пријава за тешки кражби во струшко
Струшката полиција поднесе кривична пријава против 23-годишниот албански државјанин А.П. за сторени девет казнени дела од кои четири „тешка кражба“ и пет „одземање на моторно возило“.
СВР Охрид соопшти дека кражбите биле извршени од јули до ноември годинава во авто-сервис, куќа и продавница во струшките села Долна Белица, Велешта, Радолишта и Заграчани.
- А.П. со кршење на стаклото од подрумска просторија, влегол во куќа во Долна Белица при што одзел два плазма телевизори, а со кршење на стакло од излог, од продавница во Радолишта одзел цигари и пари. Тешката кражба во авто сервисот во Велешта ја извршил користејќи талпа при што се искачил до отворениот прозор и одзел авто делови, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Пријавениот, појасни тој, во селото Заграчани извршил тешка кражба на патничко моторно возило.
- Од двор од куќа одзел возило откако забележал дека било оставено незаклучено со клучевите на бравата по што, во шумскиот појас на македонско-албанската граница ги одзел гумите и бандажите, а возилото го оставил, изјави Димоски.
А.П. и другите патнички возила ги одземал на ист начин по што се превезувал во близина на граничниот премин „Ќафасан“, ги оставал возилата и илегално ја преминувал македонско-албанската граница.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница