Албански „Анонимуси“ и се закануваат на Франција поради апсењето на Харадинај
Групата „Анонимуси“ од Албанија и се закани на Франција дека ќе ја плати цената и ќе биде виновна за почеток на војна на Балканот, доколку не го ослободи Рамуш Харадинај.
Во видео порака преку интернет каналот Јутјуб членови на „Анонимуси Албанија“ велат дека се многу разочарани од одлуката на француските власти во врска со апсењето на Харадинај, оценувајќи ја како провокација.
- Вие го поткопувате дијалогот меѓу Косово и ЕУ. Вашата провокација ќе предизвика војна на Балканот. Затоа, не си играјте со нас. Не треба да го екстрадирате Харадинај на Белград, бидејќи по војната ќе биде со нас и Албанците. Не заборавајте, или Харадинај на слобода или ќе платите за ова. Ние сме „Анонимуси Албанија“. Ние не забораваме, чекајте не, се наведува во пораката.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот