-->
-->
Албанската полицијата денеска уништила над 15 илјади, а за два месеца над 73 илјади стебла марихуана
-->
Во Албанија продолжува полициската операција „Чиста територија“, чија цел е елиминирање на нелегалното произвидство на марихуана, објави полицијата.
- За неполни два месеца, од почетокот на оваа мега-операција на територијата на земјата, главно во северниот дел уништени се вкупно 73.579 стебла марихуана. Само во текот на денешниот ден со палење се уништени 15.395 стебла канабис, откриени во повеќе села од општините Скадар, Вау и Дејс, Голема Малесија и Пук, стои во полициското соопштение.
Се додава дека во акцијата, во која биле вклучени 1.500 полицајци, кои користеле 5 дронови, 330 возила и два глисера, уапсени се четири лица а по девет се трага.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вчера 777 сообраќајни прекршоци, 175 за брзо возење
-
Европскиот Парламент ќе дискутира за железничката несреќа кај Темпи на иницијатива на европската левица
-
Joванов: Виновен сум, никогаш не сум можел ниту да помислам за вакво нешто
-
Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за кршење на тридневното примирје
-
Калас и неколку европски МНР во посета на Украина
-
Мерки на претпазливост за маж кој и се заканувал и се обидел да ја повреди сопругата
-
Во Тетово одбележан Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
-
Јаневска: Имаме одговорност да создаваме еколошки едуцирани генерации