Албанската полиција заплени 880 килограми марихуана

Полицијата од албанскиот град Корча, во рамки на акцијата „Очекував“, во близина на селото Душар во општина Малиќ, заплени 880 килограми марихуана, спакувана во 30 вреќи.
Како што јави дописникот на МИА, во акцијата се уапсени четири лица, сите албански државјани, на возраст од 22 до 41 година.
Првичните истражни дејствија потврдуваат дека дрогата била наменета за странскиот пазар, а поради близината најверојатно за грчкиот.
Вчера полицијата во Тирана заплени 119 килограми марихуана и уапси три лица.
Деновиве во Сицилија, италијанската полиција запленила 3,5 тони албанска мрихуана.
Инаку, албанската полиција продолжува со уништување на цели парцели засадени со марихуана. Од јуни, кога ја почна големата акција против догата, полицијата досега уништи над 100 илјади стебла марихуана.
Ново на Сител
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
-

Татко крадел пари од црква додека со него било неговото малолетно дете
-

Валандовец украл автомобил и го управувал без возачка
-

Иран ги предупредува САД дека ќе се соочат со „нов Виетнам“ ако испратат војници
-

Инфлацијата во еврозоната се зголемува според процените
-

Пијан возач со трактор удрил во „Пасат“, па побегнал
