Албанската полиција заплени 650 килограми марихуана

Албанската полиција во село во близна на јужниот град Тепелена заплени 650 килограми марихуана.
Во акцијата се уапсени се две лица, татко и син, а полицијата трага по уште едно лице - син и брат на приведените.
Дрогата била спакувана во вреќи и подготвена за траспорт. Основано се сомнева дека таа требало по морски пат да биде прошвецувана на грчка територија.
Во меѓувреме, медиумите јавија дека во рамки на борбата против сузбивањето на трговијата со дрога денеска во раните утрински часови во Албанија и во Италија е спроведена голема полициска акција,во која учествувале повеќе од 200 полицајци.
Уапсени се 43 лица, 20 од нив Албанци, кои шверцувале марихуана, кокаин и хашиш со пловни објекти од Албанија кон италјанскиот брег, пред се регионот на Пулија.
Ново на Сител
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
