Албанската полиција уништи 20 илјади садници марихуана

Полицијата од јужниот албански град Саранда во атарот на селото Кардоќ, во близина на границата со Грција, уништи околу 20.000 садници мархуана, јави дописникот на МИА.
- Петнаесет илјади садници се уште беа како расад, додека пет илјади беа засадени и достигнуваа висина до 30 сантиметри. По лоцирањето на местото полицијата изврши уништување со палење, стои во полициското соопштение.
Местото каде што се развивал расадот и парцелата со веќе засадената марихуана се во планински предел, а полицијата води истрага за да ги иднтификува лицата кои го одгледувале канабисот.
Претходно, полицијата од Ѓирокастро, исто така во јужнот дел на Албанија, уништи шест илјади садници марихуана. При тоа, беше уапсено и едно лице, жител на селото Бечиште кај Тепелена.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
