-->
-->
Албанската полиција уапси жител на Елбасан поради тероризам
-->
Албанската полиција во градот Елбасан го уапси Блендар Ибрахми (28) жител на овој град кој бил дел од терористички организации и се смета за лице со висок ризик за општествената безбедност.
Во акцијата на неговото апсење освен припадници на Полицискиот комесаријат на Елбасан, учествувале и припадници на управата за антитеризам при Министертвото за внатрешни работи како и канцеларијата на Интерпол Тирана.
Апсењето е реализирано по барање на Интерпол Рим, а врз основа на одлука на Обвинителството на Италија од март оваа година, за кривично дело„учество во терористички организации“.
Уапсениот, кој ќе биде екстрадиран во Италија, бил вклучен во терористички организации во Италија и во Египет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија