Албанската полиција спречи шверц на оружје и муниција за Косово
Албанската полиција од северниот град Тропоја уапси 34-годишен жител на Шошан, при обид на шверц на оружје за Косово.
Според полициското соопштение уапсен е Сахит Д. во чиј автомобил „фолксваген“ биле откриени три парчиња оружје и поголема количина муниција.
-Поради основи на сомненија дека споменатото лице и претходно вршело вакви дејствија, полицијата детално го контролирала автомобилот, кој се движел на патниот правец Шошан-Бајрам Цури, при што открила две автоматски пушки, пиштол „глок“ и поголема количина муниција, пренесуваат албанските медиуми.
Во соработка со Обвинителството, продолжуваат активностите за откривање и приведување на други лица вмешани во оваа криминална активност.
Запленетото оружје ќе биде испратено во Научниот полициски институт во Тирана на дополнително испитување, за да се утврди дали оружјето било користено во криминални настани што се случиле претходно.
Материјалите се предадени во Обвинителството при Основниот суд Тропоја, за сторени кривични дела „трговија со оружје и муниција“ и „недозволено изработување и држење оружје и муниција“.
Ново на Сител
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата
-
Бизнис форум Македонија - Италија
-
Лимани: Демографијата е клучен приоритет на владата
-
Со вештачки мрест до подобрување на состојбата со рибниот фонд