Балкан
9. February 2017 - 8:50

Албанската полиција откри голема мрежа на криумчари на мигранти

Албанската полиција откри најголема мрежа за криумчарење мигранти од почетокот на бегалската криза и во неколку операции од почетокот на септември уапси 18 луѓе, објави синоќа јавното обвинителство.

Осомничените се под обвиненија дека работеле за огранок што организирал преминување на мигранти од Блискиот исток и северна Африка кон Австрија и Германија.

Криумчарите барале од 900 до 1.250 евра по лице за префрлување до дестинација во Западна Европа. Уште четири луѓе се осомничени дека се дел од таа мрежа на албански криумчари и кои се уапсени вчера во Кале на север во Франција.