Албанската полиција ги зајакна безбедносните мерки
Албанската државна полиција преку официјално соопштение информираше дека за божиќно-новогодишните празници презела дополнителни мерки и е во целосна подготвеност да го гарантира редот и безбедност.
-Дополнителните мерки вклучуваат зголемување на полициските патроли, со полициски сили, радари и возила на улиците каде што се наоѓаат божиќните пазари, христијанските верски објекти, каде се одржуваат богослужби, станбени единици, како и на сите патни правци. Дополнителни зајакнати мерки се преземени и на граничните премини, како и долж зелениот граничен појас, станбените центри, стои во полициското соопштение.
За гарантирање на редот и безбедноста, спречување и борба против незаконитостите, ангажирани се Националните безбедносни сили, локалната полиција и граничните дирекции, специјалните оперативни сили и криминалната полиција.
-Со цел да се гарантира редот и јавната безбедност за време на празниците, Божиќ, новогодишната ноќ и првите денови од новата 2024 година, Државната полиција изготви детален план на мерки за обезбедување непречено одвивање на празници за да се спречат криминални и патни инциденти, бидејќи веќе два дена има голем прилив на сите гранични премини за влез во Албанија, се додава во соопштението.
Дополнително, полициските структури имаат планирано мерки за одржување под контрола на безбедноста и редот во рестораните, баровите и трговските центри, во кои има голема посетеност на граѓани.
За спречување на криминални настани зголемени се службите и патролите во близина на банки, менувачници, пазари и други објекти каде се администрираат парични и материјални вредности.
-Националните безбедносни сили, во зголемен број, се распоредени во пристаништата, аеродромите, премините, во големите урбани центри и на патиштата, соработувајќи со локалните структури и се целосно подготвени да интервенираат во секој момент, доколку е потребно, се посочува во соопштението.
Државната полиција им ги честита божиќните и новогодишните празници на граѓаните и ги уверува дека е целосно посветена на создавање што е можно побезбедна средина за сите граѓани и во овој контекст ги повикува во секој случај на незаконитост да пријават на бесплатниот телефонски број 112.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање