Албанска иредентистичка книга против Македонците, финансирана од Владимир Милчин и неговиот Соросов институт
Национално обединување на Албанците за создавање голема Албанија, негирање на македонскиот идентитет и јазик, впишување на албанскиот како службен јазик на целата територија, ова е крајната цел на тиранската платформа која треба да биде протната преку евентуалната владина коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и останатите албански партии потписнички на платформата, пишува ДНЕВНИК за албанската иредентистичка книга против Македонците, финансирана од Владимир Милчин и неговиот Соросов институт.
Уште еден доказ дека оваа стратегија е стара и е помогната директно од Соросовта фондација во земјата, се двете книги објавени во 2008 година: „ОНА – порака и надеж“, напишана од Петрит Менај, учесник во војната во 2001 на страната на ОНА/УЧK, и „ОНА – од битка во битка – недовршени пораки“, чиј автор е Фазли Велиу, еден од креаторите на ОНА, инаку вујко на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во двете е јасно нагласено дека целта е албанскиот јазик да биде официјален во земјата, да се случи национално обединување на Албанците од сите краеви, а речиси секаде во текстовите Македонците се нарекувани Славомакедонци, а државата ПЈРМ или БЈРМ.
Дека целта уште на војната во 2001 година е голема Албанија, јасно и прецизно пишува Менај во својата книга во делот каде што ги објаснува причините, односно правците во кои, како што вели, треба да се анализира „доаѓањето на војната“. Kако прво, пишува Менај тоа е барањето за национално обединување „кое кај секој Албанец никогаш не овена и нема да овене со никакво манипулирање, да имаат своја држава како и сите други цивилизирани нации“. Kако втор и трет фактор Менај ги наведува неуспехот на албанските политичари по мирен пат да ги издејствуваат правата на Албанците во земјата и „губењето на довербата во политиката и корумпираните политичари“.
Како почна се во 2001, Менај вели:
– Почетокот на 2001 година покажа дека Албанците не можат да живеат веќе со Славомакедонците како окупирани во своите краишта, туку сакаат да живеат како рамноправни во една заедничка држава.
Во понатамошниот дел од книгата раскажува за тоа како течеле битките и комуникацијата со врховниот командант Али Ахмети, Менај пишува дека идејата за војување во иднина била проширена, а дилемите на основа на кои тоа било одлучено биле:
Во вториот дел од книгата се напишани куси биографии на некои од загинатите припадници на ОНА и кај голем дел од нив нагласено е „поради неправдите што ги трпеле од славомакедонските непријатели, одлучиле да заминат во војна“.
Во втората книга финансирана од Соросовата фондација во Скопје, во која Велиу ги објавува своите белешки, односно дневникот што тој го водел за време на војната, пак, се изнесени целите што ОНА/УЧK се очекувало да ги постигнат. Меѓу главните е промената на Уставот на БЈРМ (како што е и тука наречена Македонија) и да се впише „БЈРМ да биде држава на два народа, албанско-македонски или македонско-албански, албанскиот да биде службен јазик и да се признае слободно користење на националните симболи
Во книгата на Велиу се објаснува дека целата стратегија за војната се готвела не само на релација Kосово, Албанија, Македонија, туку и со албанската дијаспора – најмногу Швајцарија.
Сличните цели, за создавање албанска Илирида на територијата на РМ, ги призна и албанската пратеничка Месила Дода.
– Албанците не се плашат од македонската војска бидејќи имаат деца што ќе земат оружје в рака за да се заштитат нивните браќа и сестри во Илирида – порача Дода.
Неколку дена пред нејзината порака, и партнерот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во Зијадин Села, отворено ги негира македонскиот народ и идентитет.
– Историската реалност на Македонија ја знае целиот свет и е многу апсурдно за еден народ што го нема својот идентитет, во конкретниот случај Македонците, Албанците биле многу коректни и им помагале да го градат тој идентитет и сега вие го оспорувате нашиот идентитет. Со пописот од пред 100 години не постои македонски народ – вели Зијадин Села во скандалозната изјава.
-

Ивона Талевска
Сите содржини од овој новинар
