-->
-->
Албанија забрани влез на над 27 тони пилешко месо и 19,2 тони кафе од Бразил
-->
Албанската национална агенција за храна (АКУ) во пристанишниот град Драч забрани влез на повеќе 27 тони пилешко месо и 19,2 тони кафе увезени од Бразил.-По извршената анализа беше констатирано присуство на високи концентрации на салмонела кај пилешките филети, кои беа во вкупна колична од над 27 тони, а беа наменети за албанскиот пазар. Забраната за 19,2 тони „ непечено кафе во зрно“ следуваше поради недостиг на соодветна документација и беше констатирано дека е небезбедно за консумирање, соопшти Агенцијата.
На почетокот на месецов албанската национална агенција за храна (АКУ) забрани влез на 27 тони пилешко месо увезено од Бразил, поради невалиден ветеринарен сертификат, како главен документ за безбедност на производот.
Само неколку дена претходно Агенцијата забрани влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, Канада и Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупното количество 53 тони беа со крајна дестинација Косово.
Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници.
Од поодамна албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така врши и голема контрола во кланиците во Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: Во тек е полициска акција во повеќе градови во државата за сузбивање трговија со дрога
-

Македонија првпат добива нови електрични еколошки автобуси
-

Дејан Јованов излегува од притвор
-

По скандалот со Македониумот, директорот на Историскиот музеј во Крушево поднесе оставка
-

Пуштен е во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живот и студирање
-

A1 Групацијата го забрзува ICT растот: Вештачката интелегенција и Cloud во центарот на дигиталната трансформација
-

Пожар во стан во Скопје, 11-годишно девојче пренесено во болница
-

Силувал малолетничка, ја демнел и барал експлицитни фотографии од неа - приведен 17-годишен скопјанец
