Балкан
18. August 2022 - 19:37

Албанија: Трговскиот дефицит за седум месеци над 1,9 милијарди евра

Во изминатите седум месеци од годинава Албанија забележала трговски дефицит во износ од 235 милијарди лека или над 1,9 милијарди евра, што е зголемување за 8,3 отсто споредено со истиот период минатата година.

– Во периодот од јануари до јули извозот на стоки достигнал вредност од 293 милијарди лека и бележи раст од 40,1 отсто, додека увозот достигнал вредност од 528 милијарди лека и бележи раст од 23,9 отсто во однос на истиот период лани, објави државниот завод за статистика, ИНСТАТ.

Според истиот извор во месец јули трговскиот дефицит изнесува 42 милијарди лека и е зголемен за 6,9 отсто во однос на јули 2021 година и за 20,3 проценти во однос на јуни 2022 година.

Во јули, извозот на стоки достигна вредност од 39 милијарди лека со зголемување од 23 отсто, во однос на истиот период од пред една година и намалување за 14,3 проценти во однос на јуни годинава.

Во меѓувреме, увозот на стоки достигнал вредност од 82 милијарди лека со раст од 14,1 отсто во однос на една година и за 0,6 проценти во однос на јуни 2022 година.