Албанија: Се вакцинираат познати личности од културата и политичкиот живот, постари од 80 години

Во Албанија продолжува вакцинацијата против Ковид-19, со којa до сега се опфатени околу пет илјади здравствени работници, и лица од домови за нега на стари лица.
Како што претходно најави премиерот Еди Рама, денеска почна имунизацијата на познати личности од културата и политичкиот живот постари од 80 години, меѓу кои и поранешниот претседател Алфред Моисиу, познатите актерки Маргарита Џепа и Тинка Курти и режисерот Димитар Анагности.
Во стадонот „ Air Albania“ каде се врши вакцинацијата во Тирана, беа и премиерот Рама и министерката за здравство Огерта Манастирлиу.
Рама на новинарско прашање одговори и на обвинувањата на опозицијата и претседателот Илир Мета, зошто се прави поделба, а не се почнува со вакцинација на целата постара популација.
-Непотребно го искажаа својот гнев против мене и владата. Не е достојно да се подигне целата оваа бура, бидејќи овие личности му дадоа вредност на нашето општество.Станува збор за неколку десеттина лица, што во тежината на вакцините што ќе бидат направени, се само неколку капки вода во морето, рече Рама.
Најави дека набрзо со пристигнувањето на новата количина вакцини ќе почне вакцинацијата на целокупната постара популација.
Во меѓувреме во Албанија продолжуваат високите дневни бројки на заразени со Ковид-19. Вчера беше регистриран нов негативен рекорд од 1.153 новозаразени, во списокот на оздравени се внесени 928 а починаа 17 пациенти, од 48 до 83-годишна возраст.
Ново на Сител
-

Во Прилеп одбележан месецот на Франкофонијата
-

Литија во село Оровник
-

Дојава за бомба го испразни „City Mall“
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам
-

Обвинителството ќе бара лица кај кои се аплицирале недозволените ботокс и филери
-

Естетските корекции не се козметика
-

СДСМ обвинува дека владата на Мицкоски ја водат лажни патриоти со бугарски пасоши
-

Власта и опозицијата се обвинуваат кој ја кочи европската интеграција
