Албанија поседува список на лица кои финансираат тероризам

Првиот човек на албанската Управа за спречување перење пари, Агим Исмаили на седница на парламентарната комисија за безбедност изјави дека постои список на фиизчки и правни лица во Албанија кои финансираат тероризам.
Како што јави дописникот на МИА, Исмаили не спомна идентитет на ниту едно од овие лица, но неколкупати повтори дека Обвинителството почнало истрага за разни здруженија во земјата, кои финансирале испраќање борци кои војуваат на страната на терористичките групи во
Сирија.
Според бебедносни извори, на боиштата во Сирија и Ирак војуваат над 150 албански државјани, а дел од нив таму се заминати со семејствата. Досега е потврдена смртта на над 20 од овие лица.
Исмаили соопшти и дека Управата покренале 154 кривични пријави за перење пари.
- Покреневаме 154 кривични пријави за перење пари, имаме 1.300
извештаи за сомнителни трансакции во период од една
година и блокиравме средства од тие трансакции во износ од 28 милиони евра, изјави Исмаили.
Ново на Сител
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
