Албанија: Опозицијата со обвинувања за криминално досие и за градоначалникот на Малакастра
Албанската опозициска Демократска партија денеска обвини за криминално досие за уште еден градоначалник и побара Обвинителството да спровде постапка за верифкација на истото.
Станува збор за градоначалникот на општина Малакастра, Ќерим Исмаилај, избран на локалните избори одржани на 30 јуни минатата година.
Во барањето кое генералниот секретар на Демократската партија, Газмент Барди, го достави до државното обвинителство, се наведува дека Исмаилај, го фалсификувал образецот за декриминализација, дека бил уапсен во Грција и осуден, а потоа и депортиран од грчки власти во периодот 1999-2000 година.
Според албанскиот кривичен законик доколку тоа се потврди следува казна затвор до три годни и забрана за извршува јавни функции во одреден временски период, а Централната изборна комисија веднаш му го одзема мандатот.
На обвинувањата Исмаилај изјави дека е отворен за секаков вид верификација.
-Јас работам како градоначалник на Малакастра. Доставив образец за декриминализација. Никогаш не сум притворен од страна на грчката полиција. Имам сестра во Грција која имаше некои семејни проблеми. Кај неа бев пред две недели,-изјави тој отфрлајќи ги обвнувањата на опозцијата.
Исмаилај, е четвртиот градоначалник, сите од Социјалистичката партија,избрани на последните локални збори за кои опозицијата обвинува за нивна вмешаност во криминална активност
Претходно опозицијата ги обвини и Валдрин Пјетри,градоначалник на Скадар, Агим Кајмаку на општина Вора и Марк Бабани општина Вау те Дејес.
За првите двајца Обвинителството веќе доби потврда од италијанските, односно грчките власти околу обвинувањата и покрена кривични пријави. Пјетри не ни седна во градоначалничката фотелја,туку се откажа,велејќи дека сака правдата да ја докаже како обичен граѓанин, додека на Кајмаку ЦИК му го одзема мандатот.
За Бабани, кој,според опозицијата, во периодот 2002/2003 бил уапсен и осуден во Северна Македонија, додека претходно во периодот 1994-1999 година бил осуден во Италија и протеран и користел три различни идентитети, се потврда од властите на споменатите земји.
Ново на Сител
-
Влада: Во Буџетот се обезбедени 250 евра за електронски уреди за студентите и финансиска поддршка до 30.000 евра за младите
-
Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС
-
На Попова Шапка најстудено и најмногу снег
-
Четврта регионална експертска средба за Кластер 1 „Основи“
-
Генералното собрание на ОН усвои резолуции за прекин на огнот во Газа и поддршка за УНРВА
-
Во Србија очекуваат од властите објавување на целата документација за реконструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Контроли на цените на производите од акцијата „Новогодишна кошничка“
-
Јун Сук-јеол: Парламентот стана чудовиште, ќе се борам до крај