Албанија испрати 60 медицински техничари во Италија

Шеесет албански медицински техничари заминаа за Италија за да им помогнат на нивните колеги во борбата со новиот коронавирус.
Ова е втора медицинска екипа што Албанија ја испраќа во Италија,по онаа од триесет лекари и медицински техничари кои во Италија пристигнаа на 28 март, а кои се ангажирани во регионот на Бреша. На аеродромот во Рим беа пречекани од шефот на италијанската диопломатија Луиџи Ди Мајо,кој се заблагодарил и на премиерот Еди Рама за,како што рекол,овој дар што и се дава на Италија во овие тешки времиња низ кои минува.
„Тоа е најголемата помош што италијанскиот народ ја доби од странците. Албанија и албанскиот народ покажаа солидарност со Италија. Им благодарам на премиерот Еди Рама и на албанската Влада. Му благодарам на албанскиот народ за солидарноста, рекол при дочекот Ди Мајо.
За пристигнувањето тој објави и на социјалните мрежи оценувајќи го тоа како „одлична потврда за пријателство“.
„Му благодарам на премиерот Еди Рама, целата влада и целиот албански народ за вториот одличен сертификат за пријателство, за конкретниот знак на луѓето кои ќе одат да ги спасат животите на нашите сограѓани и во исто време ќе им помогнат на нашите лекари и медицински сестри во борбата против вирусот што ги носи првите позитивни знаци, напиша Ди Мајо.
Албанските медицински техничари ќе бидат ангажирани во регионот Марке. Се наоѓа во централниот дел на земјата.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
