Македонија
15. November 2018 - 23:15

Албанија и Црна Гора потврдија дека Груевски минал низ нивна територија

Експремиерот Никола Груевски стигнал до Будмпешта, Унгарија преку Албанија И Црна гора. Албанската и цркогорската полиција го потвдрија движењето на Груевски и тоа со автомобил на унгарската мабсада од Тирана, но без многу детали како тој влегол во Албанија и каде замина од Црна Гора.

Секторот за граница и миграција на полицијата на Албанија потврди дека Груевски  во недела ја минал албанската територија и заминал во Црна. На Фејсбук страницата на албанската полиција објавено е следново соопштение.

„Лицето Никола Груевски на ден 11.11.2018 година, околу 19:11 часот, е регистрирано на територијата на Република Албанија на граничниот премин со Црна Гора, како патник во возилото со регистарски таблички cd1013a, сопственост на унгарската амбасада во Тирана. На 11.11.2018 година за лицето Никола Груевски немаше известување на границата или сознание како за лице по кое се трага. Кснцеларијата на Интерпол во Скопје на ден 13.11.2018 година, околу 19.35 до Интерпол Тирана ја испрати меѓуанродната потерница за ова лице“.

Нема информација како Груевски влегол првично на албанска територија. Според неофцијалните информации албанската полиција во електронскиот систем нема евиденција за влез на такво лице, што остава можност тој границата меѓу Македонија и Албанија да ја поминал илегално.

Црногорската полиција пак, посочува дека тој истиот ден влегол и зилегол од црногорската територија.

„ Никола Груевски влезе во Црна Гора на наведениот датум 11 ноември и истиот ден ја напушти земјата. Црногорската полиција во овој случај во целост ги испочитува законските процедури", пишува во соопштението од полицијата на Црна Гора.

Полицијата не соопштува повеќе детали како Груевски влегол во земјата и од кој граничен премин заминал.