Албанија го подигна нивото на безбедност на аеродромoт и граничните премини

По синоќешниот напад на аеродромот„Ататурк“ во Истанбул, албанската полиција го подигна нивото на безбедност на аеродромот „Мајка Тереза“, но и на сите гранични премини.
- Од синиќа на полноќ на аеродромот „Мајка Тереза“ видно се зголемени бeзбедносните мерки кои ќе бидат во сила на неопределно време. Во контролата се вклучени и кучиња обучени за откривање експлозив. Вршиме детална контрола на патниицте и на нивниот багаж, изјави Ермал Милори, шеф на граничната полиција на аеродромот.
Дополнителни безбедносни мерки се воведени и на сите гранични премини, посебно на пристаништата, каде има и зголемено присуство на полициски сили.
Дел од медиумите наведуваат дека ваквите мерки се преземаат при секој ваков трагичен настан, но додаваат дека мерките треба да бидат vo сила постојано.
Инаку, остра осуда за нападот во Истаnбул искажа албанскиот државен врв како и политичките партии искажувајќи и длабоко сочуство со семејствата на загинатите и со целиот турски народ.
Во меѓувреме, посетата на албанскиот премиер на Турција доби посебен публицитет бидејќи авионот со кој патувала албанската делегација на аеродромот „Ататурк“ слетал пет минути по експлозиите.
Ново на Сител
-

Падна фасада од станбена зграда во Козле | ФОТО
-

MATTO FOR GOOD – хуманитарен бранч по повод 5 години Matto Napoletano
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
