Македонија
15. October 2024 - 16:42

Албанија ги започна преговорите, Рама смета дека историјата не смее да ја држи Македонија надвор од ЕУ

Албанија ја започна втората меѓувладина конференција денеска во Луксембург и го отвори првиот кластер од преговорите. Целта на Албанија е ЕУ и нема друга алтернатива, посочи албанскиот премиер Еди Рама и изрази оптимизам дека до 2030 година Албанија веќе ќе биде дел од европското семејство.

За Македонија изрази жалење што се уште не ги започнала преговорите, после сите понижувања која ги претрпела, како промената на името. За спорот помеѓу Македонија и Бугарија вели, историјата не може да биде причина за запирање на преговорите за членство на која било земја.

Како претседавач со ЕУ, унгарскиот министер за надвореши работи најави континуирана поддшка за Македонија за започнување на пристапните преговори кога ќе биде подготвена. Вели иако во јавноста се чини дека сите земји на Унијата се со позитивен став за проширување, сепак зад затворени врати не е така.

Од македонската Влада со честитки до Албанија и оптимизам за деблокирање на македонскиот пат кој води кон Европската Унија.

Политичките партии денеска со препукувања чија е вината зошто Македонија не е до Албанија на вотрата меѓувладина конференција.

Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е голем пораз на погрешните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

И како опозиција и како власт, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно и намерно го блокираат европскиот пат на државата. Резултат на тие погрешни политики и дипломатски промашувања го гледаме денеска. Албанија продолжува напред по патот на ЕУ а Македонија влегува во нова неизвесност, без план како да понатаму.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак вината ја гледаат во опозициската СДСМ.

Честитки до Албанија испрати и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. И на Македонија единствениот пат води кон ЕУ, напиша Ахмети на Фејсбук.

Мора исто така да го нагласам очајот што Северна Македонија денеска не е до Албанија поради блокирањето на нашето европско патување како резултат на неспроведувањето на преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската Унија и Северна Македонија, напиша Ахмети.

Македонија со едногласна одлука од ЕУ беше одвоена од пакетот со Албанија минатиот месец.

Албанија им се приклучи на Црна Гора и Србија како трета земја од Западен Балкан, која ги отворила преговарачките кластери со ЕУ.