-->
-->
Албанија доби Специјално обвинителство за корупција и организиран криминал
-->
Со давањето заклетва пред шефот на државата,Илир Мета,денеска и официјално почна со работа Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал(СПАК).
Него го сочинуваат девет обвинители а прв човек на институцијата е Арбен Краја,со мандат од три години.
На свеченоста присуствуваше и спикерот на албанскиот парламент Грамоз Ручи, евроамбасадорот Луиџи Сореца, како и странски дипломати.
Краја во својата прва изјава упати апел до граѓаните да имаат целосна доверба во сите членови на СПАК дека најсовесно ќе ја извршуваат зададената задача и додаде дека треба да се плашат „оние кои го прекршуваат законот“.
Тој не кажа со кое досије институцијата ќе ја почне работата, каде се верува дека има 160 досиеја.
Формирањето на оваа институција го поздрави евреомбасадорот Сореца,кој меѓу другото на социјалните мрежи напиша дека „ова е значаен ден за реформата во правосудството“на Албанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка
-
Преглед на вестите од светот
-
Хрватскиот претседател Милановиќ во официјална посета на Македонија